Дома Фудбал Последниот ден во оваа година ќе биде посебен во Мадрид!

Последниот ден во оваа година ќе биде посебен во Мадрид!

atletico fans

31 декември ќе биде посебен ден во Мадрид. Оние најжешките сигурно знаат каде ќе бидат на овој ден, точно напладне.

Имено, Атлетико Мадрид токму тогаш ќе го претстави повратникот во тимот Диего Коста, но и Витоло.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Овие двајца фудбалери ќе имаат право за настап за овој тим од првиот ден во новата година, а тоа е за помалку од една недела.

Според шпанските медиуми, влезот на „Ванда Метрополитано“ тој ден ќе се наплаќа по 10 евра од човек. Тоа се однесува на фановите кои немаат сезонски карти.

Да потсетиме, Диего Коста се врати во Атлетико во трансфер вреден од 66 милиони евра, но во меѓувреме само тренираше со „јорганџиите“ додека Витоло беше платен 36 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србинот кој блеска во Серија А доби пофалби од Буфон: Прави работи како никој друг!

Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, Џанлуиџи Буфон, го пофали Миле Свила…