Англискиот шампион Манчестер Сити е на чекор од комплетирање на спектакуларен трансфер, тврди шпанскиот „АС“.
Младиот Португалец Жоао Феликс ќе стане нов играч на Манчестер Сити, а официјална потврда се очекува многу брзо. Еден од најголемите таленти во светот и член на Бенфика ќе се пресели на „Етихад“ за 120 милиони евра, а ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона и ќе потпише договор на пет години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересот за услугите на овој 19-годишен фудблаер беше огромен, а се поврзуваше со Јунајтед, Јувентус, Барселона и Реал Мадрид. На крајот очигледно Сити ја заврши работата и наскоро сето тоа би требало да биде официјализирано.
Бенфика така ќе направи одлична работа, а ова ќе биде најголемиот транфер во клупската историја и еден од најголемите трансфери на сите времиња. Феликс го сметаат за наследник на Роналдо. Роден е 1999 година, а минатата сезона во 43 натпревари постигна 20 гола и запиша 11 асистенции.
Неговите игри привлекоја големо внимание. Скаутите константно доаѓаат на натпревари и пристигнаа огромен број на понуди. Меѓутоа, Манчестер Сити беше единствен кој се согласи да ја плати откупната клаузула од 120 милиони евра.