Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски и официјално е нов член на Порто.
За голманот заинтересиран беше и Вардар, но Митревски реши да го одбие македонскиот шампион откако пристигна понуда од Порто.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Митревски помина една година во Битола во екипата на Еурофарм Работник, а сега потпиша 2-годишен договор со португалскиот гигант.
„Многу сум среќен со овој трансфер затоа што знам како се работи во Порто и кога понудата пристигна не размислував многу пред да ја прифатам. Верувам дека ќе се адаптирам добро и заедно со Кинтана ќе имаме добра сезона во која ќе собереме многу победи и многу трофеи. Наша цел е да продолжиме да освојуваме трофеи во Португалија и да стигнеме до Ф4 во Лигата на шампионите“, изјави Митревски.