Дома Фудбал Италија Сајт за возрасни ќе биде спонзор на Интер

Сајт за возрасни ќе биде спонзор на Интер

Миланскиот гигант Интер на крајот на сезоната ќе ја прекине долгогодишната соработката со главниот спонзор „Пирели“.

Рекламата на оваа компанија стана симбол за Интер, но двете страни ќе ја прекинат соработката на крајот на сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Раководството преговата со други заинтересирани компании за спонзорски договор, а наводно во Милано пристигнала една интересна понуда.

Сајтот за возрасни „Stripchat“ е спремна да му плаќа на Интер 23 милиони евра по сезона за да биде главен спонзор на дресот.

Засега Интер нема намера да ја прифати таа понуда бидејќи бара 30 милиони евра по сезона, но преговорите продолжуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фантастична асистенција на Арда Ѓулер ја доближи Турција до светскиот сон

Турција е на чекор поблиску до посакуваното учество на Светското првенство 2026, откако ја…