Дома Фудбал Останато Поранешниот европски шампион мораше да го смени името!

Поранешниот европски шампион мораше да го смени името!

Романскиот фудбалски клуб Стеауа мора да го смени името во FCSB поради судскиот спор кој го покрена Министерството за одбрана, кое во 1947 година основало клубот. Министерството за одбрана го доби судскиот спорт, што значи дека клубот чии сопственик е контроверзниот бизнисмен Џиџи Бекали мора да го смени името.

Стеауа има 26 шампионски титули во Романија, а во 1986 година клубот ја освои титулата во тогашниот Куп на европските шампиони.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Седум милиони судии, Папата во Рим, НАТО силите, сите можат да забранат клубот да го носи името Стеауа, но неможат да го сменат фактот дека тоа е истито клуб. Сите кои сакаат можат да продолжат да го користат името Стеауа, но од денес името на клубот е FCSB“, изјави сопственикот Бекали.

FCSB во 2015 година го загуби правото на користење на стадионот Ганчеа, потоа му беше забрането да го користи грбот, а со последната пресуда му е забрането и да го користи името.

Инаку, Министерството за одбрана, најави дека ќе формира нов клуб кој би започнал да се натпреварува во четвртата романска лига и кој ќе го носи името Стеауа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…