Дома Фудбал Останато Поранешен фудбалер во Премиер лигата призна дека примил мито во износ од десет милиони евра

Поранешен фудбалер во Премиер лигата призна дека примил мито во износ од десет милиони евра

Поранешниот селектор на кинеската фудбалска репрезентација Ли Те призн во случајот со антикорупцискиот судски процес во Кина дека примил повеќе од 10 милиони евра мито.

Ли, кој ја водеше Кина од јануари 2020 до декември 2021 година, беше обвинет за давање и примање мито и учество во местење натпревари, се вели во соопштението за медиумите на провинцискиот суд Хубеи.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во текот на повеќемесечниот процес, Ли призна дека добил повеќе од 9,8 милиони евра во периодот од 2017 до 2021 година.

„Ли Те ја призна вината и изрази каење“, се вели во соопштението на судот и се додава дека пресудата ќе биде објавена подоцна.

Во текот на својата играчка кариера Ли граше и во Премиер лигата каде настапуваше за Евертон.

Претходно кинеските медиуми во вторникот објавија дека поранешниот претседател на кинеската фудбалска федерација, Чен Џујуан, кој призна дека примал мито, е осуден на доживотен затвор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ванда Нара е минато: Оваа убавица е новата девојка на Икарди (Фото)

Фудбалерот Мауро Икарди и неговата избраничка Ванда Нара со години ги полнеа насловните ст…