Репрезентацијата на Македонија загуби на вториот контролен натпревар против Црна Гора со 31:30.
Македонија играше со изменет состав во споредба со вчерашниот натпревар, а по првите 30 минути имавме негатива од 18:14.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во второто полувреме македонските ракометари се вратија во игра резултатски. Во последните секунди од натпреварот Мартин Серафимов не реализираше напад за победа.
Никола Митревски не беше на голот на нашата репрезентација затоа што доби одмор од селекторот Лазаров.
Ќе потсетиме во вчерашниот натпревар ја победивме Црна Гора со 38:33, а до Светското првенство не чекаат уште три пријателски натпревари (две со Хрватска и една со Израел).