Како што пренесува „Калчомеркато“, италијанскиот шампион Јувентус подготви понуда за играчот за врска на Реал Мадрид, Иско.
Судбината на шпанскиот фудбалер во Мадрид веќе долго време е под знак прашалник, беше во немилост под водство на Солари, ситуацијата се поправи со доаѓањето на Зидан, кој го врати во првиот состав. Сепак и понатаму со сигурност не може да се каже дека Шпанецот е во плановите на францускиот стратег за следната сезона, особено Реал спрема реконструкција на тимот ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден Азар е многу блиску до трансфер на „Бернабеу“, а познато е и дека Реал е заинтересиран за Погба и Ериксен. Доколку Французинот или Данецот завршат во Шпанија, Иско би можел да стане вишок, па Јувентус е спремен да ја искористи таквата ситуација.
Познато е дека Алегри е голем симпатизер на играта на Иско и веќе неколку преодни рока се обидува да го донесе во својот тим, па се чини дека ова лето конечно Јувентус ќе му ја исполни желбата.
Имено, „бјанконерите“ се подготвени да платат 85 милиони евра за шпанскиот репрезентативец, што би требало да ја задоволи управата на „кралскиот“ клуб. Јуве и понатаму е заинтересиран за Погба, но доколку Французинот се пресели во Мадрид, јасно е дека Иско ќе биде приоритет за „старата дама“.
Juventus are preparing a £74m move for Real Madrid playmaker Isco this summer. (Source: Calciomercato) pic.twitter.com/IjveoyVInf
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 21, 2019