Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ веќе со недели е една од главните теми во медиумите со оглед на тоа дека стана слободен играч откако се раздели од Лос Анџелес Галакси.
Ибрахимовиќ преговара со Милан и тоа е клубот на кој му се даваат најголеми шанси да го доведе. „Калчомеркато“ пренесува дека „росонерите“ испратиле конечен предлог за потпис на договорот. Истиот извор најавува дека Ибрахимовиќ ќе одлучи во наредните два дена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите Милан направил се што може да го врати шведскиот напаѓач и сега се е на него. Се претпоставува дека ако Ибра кажде „да“ експресно ќе бидат закажани претставувањето и пречекот.
Претходно Ибра се поврзуваше уште со Рома, Наполи и Евертон меѓутоа како што споменавме Милан е фаворит.
За Милан Ибра настапуваше од 2010 до 2012 година, со него Милан ја освои последната титула шампион на Италија.