Aрсенал вечерва го дочекува Брентфорд во рамките од Лига купот.
Лига купот продолжува вечерва, Арсенал го дочекува Брентфорд, а во центарот на вниманието на овој натпревар ќе биде момчето кое кариерата ја започна токму во Арсенал.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Ги помина сите младински категории на овој клуб, заедно со Хари Кејн го носеше дресот на Арсенал како дете, денес тој ќе се соочи со својот поранешен клуб.
Станува збор за Ник Јенарис, момче кое за Арсенал во Премиер лигата одигра само 45 минути.
Јенарис е играч од средината, за медиумите тој зборуваше и за Хари Кејн.
„Неверојатно е да се види што се прави Кејн. Му се пружи прилика и ја зграби со две раце. Кога во Арсенал го пуштија бевме млади и не можевме да знаеме во што ќе се претвориме. Во тоа време во нашиот тим најмногу се зборуваше за Беник Афобе, тој беше наш најдобар играч“, изјави Јенарис.
Натпреварот секако со нетрпение го чека.
EXCLUSIVE: Brentford's Nico Yennaris tells @johncrossmirror about his 15 years at Arsenal — including playing in the Under-8s with Harry Kane — as he returns tonight in the League Cup #AFC | https://t.co/dLcD28mhBh pic.twitter.com/D6NqJ7s3fK
— Mirror Football (@MirrorFootball) September 26, 2018
„Не можам да го дочекам натпреварот. Ќе уживам“, изјави тој.
Сега има 25 години, во Арсенал помина 15, единствените 45 минути на теренот во Премиер лигата ги помина против Манчестер Јунајтед.
Често беше помеѓу децата кои излегуваат со играчите на терен, токму тој многу пати го носеше грбот на Арсенал кој после го разменуваа капитените, стоеше покрај Тони Адамас, Денис Бергкамп…
Looking forward to seeing ex Arsenal mascot @Nico_Yennaris at Emirates tonight #CarabaoCup pic.twitter.com/LDJee5TGW4
— Stuart MacFarlane (@Stuart_PhotoAFC) September 26, 2018