Дома Фудбал Италија Покрената истрага против Лукаку и Ибра, им се заканува нова казна

Покрената истрага против Лукаку и Ибра, им се заканува нова казна

Фудбалскиот сојуз на Италија соопшти денес дека е покрената истрага за расправијата помеѓу Ибрахимовиќ и Лукаку за време на миланското дерби минатата недела.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ибрахимовиќ и Лукаку добија суспезија од еден натпревар, која ќе важи само за Купот, а сега Федерацијата отвори подетална истрага.

Сега ќе се истражува дали има расизам во зборовите на Ибра „вуду глупости“ и дали има закани по живот во зборовите на Лукаку „ќе ти пукам во глава“.

Денес исказ пред Дисциплинската комисија ќе дава судијата Паоло Валери и од тоа ќе зависи евентуалната нова казна за двајцата напаѓачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА во текот на Мундијалот ќе менува правило?

ФИФА ја разгледува можноста за измена на правилата за изведување на пенали, дури и на сред…