Дома Фудбал Англија Покетино: Јас не се прашувам за трансферите во Тотенхем

Покетино: Јас не се прашувам за трансферите во Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино призна дека неговата улога во клубот е доста различна во споредба со менаџерите на другите водечки клубови во Англија.

Аргентинецот објасни дека крајниот збор при трансферите не е негов, туку на претседателот на клубот Даниел Леви.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Спарси“ се блиску до првото ново засилување уште од јануари 2018 година, Крилото на Лидс, Џек Кларк се очекува да се приклучи на Тотенхем, а клубот преговара и со Лион за халфот Танги Ндомбеле.

„Во Тотенхем, Челзи и Арсенал ја нема слободата која ја имаат Пеп Гвардиола и Јирген Клоп во Манчестер Сити и Ливерпул“, изјави Покетино.

„Кај нас последниот збор за трансферите го има претседателот Даниел Леви. Не зависи од мене. Се разбира, го сакам Хари Кејн и ќе ме прашаат за мислење, но одлуката е на Даниел. Истата е ситуацијата и со Ериксен“, објасни аргентинскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во „Билд“ убедени: Знаат што ќе се случи со Винисиус!

Германскиот БИЛД тврди дека Реал Мадрид има намера да го продаде Винисиус претстојното лет…