Дома Фудбал Англија Покетино тврди: Со Зидан и Бекам случајно се најдовме во ресторан!

Покетино тврди: Со Зидан и Бекам случајно се најдовме во ресторан!

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино тврди дека средбата помеѓу него Зинедин Зидан и Дејвид Бекам во еден лондонски ресторан била случајна.

Вчера таблоидот „Сан“ објави фотографии на кои се гледата Покетино, Бекам и Зидан како излегуваат од споредниот влез на еден ресторан во Лондон. (ОВДЕ).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Бев на вечера со мојот асистент Хесус Перес и уште еден човек. Случајно се сретнавме со Зидан и Бекам и тоа е целата вистина. Само се поздравивме, бидејќи случајно се видовме таму, но потоа се појавија шпекулации кои не можеш да ги запреш“, објасни Покетино.

„Тоа е реалноста. Завршивме скоро во исто време. Зидан дојде да се поздрави, зборувавме две минути и потоа се разделивме“, тврди стратегот на Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дембеле постигна извонреден волеј. Погледнете го најновиот гол на Златната топка

УСМАН ДЕМБЕЛЕ (28) блесна во победата на домашниот терен на ПСЖ против Тулуз (3:1) во рамк…