Дома Фудбал Англија Покетино оставил порака во соблкувалната за играчите на Тотенхем (ФОТО)

Покетино оставил порака во соблкувалната за играчите на Тотенхем (ФОТО)

Аргентинскиот стратег Маурисио Покетино од неодамна повеќе не е тренер на Тотенхем.

Управата на лондонскиот тим ги изненади сите со одлуката на Покетино да му даде отказ, Аргентинецот на клупата на Тотенхем помина пет години.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Експресно откако Покетино беше отпуштен на негово место клубот го доведе Жозе Мурињо.

Покетино после одлуката на управата на Тотенхем немаше многу време да се прости од играчите и воопшто не успеал да ги види. Но, сепак пронашол начин како да се прости од нив.

„Сан“ пренесува дека фудбалерите на Тотенхем во соблекувалната ги дочекала порака од Покетино.

„Жал и ми е што не можам да дојдам и да ви кажам довидување. Секогаш ќе бидете во моето срце“, гласела пораката на Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крај на сагата: Решена иднината на Винисиус!

Винисиус Жуниор реши да стави крај на неоснованите медиумски шпекулации и објави дека ќе г…