Дома Фудбал Лига на шампиони Покетино: Не знам кога Меси ќе биде спремен

Покетино: Не знам кога Меси ќе биде спремен

Вечерва во рамките од 4. коло во Лигата на шампионите екипата на ПСЖ ќе игра против Лајпциг.

Францускиот тим во Германија допатува без Меси кој не беше во конкуренција за настап. Аргентинецот е надвор од тимот поради повредата на коленото и не е познато кога ќе се врати на терените. Ниту тренерот Покетино не може да каже кога Меси ќе се врати.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Се надевам дека Меси ќе се врати што побрзо и ќе биде со нас. Не можам да кажам ништо повеќе затоа што ниту јас не знам“, изјави Покетино.

Против Лајпциг очекува неговиот тим да ја оправда фаворитската улога.

„Мораме да победиме, имаме одговорност. Верувам дека со добар пристап можеме да го оствариме резултатот кој го посакуваме“, истакна стратегот на „светците“.

Меси на рехабилитација отпатува во Мадрид каде што во 2015 година исто така се опоравуваше од повреда, тогаш од повреда на левиот лигамент на коленото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …