Маурисио Покетино истакна дека е отворен да ги слушне понудите и сака што побрзо да се врати на кормилото на некој европски клуб.
После пет и пол години на кормилото на Тотенхем, Покетино тврди дека му е потребно малку време за да се опорави, но е спремен да му се врати на фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна раководството на Тотенхем му врачи отказ на 47-годишниот стратег, па медиумите веднаш почнаа да го поврзуваат со неколку европски гиганти.
„Има многу клубови и атрактивни проекти каде можам да ја продолжам кариерата. Во моментов најважно е да ја избистрам главата по преубавите пет и пол години во Тотенхем. Моја цел е да си ја врата мотивацијата назад. Моја цел е да се вратам и да работам во некој од најдобрите клубови во Европа, отворен сум за понудите кои ќе стигнат на моја адреса“, изјави Покетино.