Менаџерот на Тотенхем направи анализа на незгодната ситуација, во која според него се наоѓаат англиските клубови кои учествуваат во Лигата на шампиони.
„Спарси“ утре ќе стартуваат во Лигата на шампиони и тоа на домашен терен ќе ја пречекаат Борусија Дортмунд, а според Покетино овој меч ќе биде „како финале“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Премиер лигата е основната цел за секој фудбалер кој што игра во ова првенство. Во Италија ЛШ е најважниот турнир во светот, но во Англија Премиер лигата е над се. Европските натпреварувања се важни, но не во толкав степен. Кога ќе дојдеш тука разбираш дека е нешто огромно за секој клуб и за секој играч“, истакна Покетино.
„Кога во Англија е најгусто, после Божиќ, во Шпанија, Италија и Германија си одмараат, па поради тоа англиските клубови не можат да бидат на највисоко ниво во завршницата од ЛШ и Лига Европа. Културата во Англија е таква, но факт е дека ова е најтешкото првенство во светот“, заклучи аргентинскиот стратег.
„Утрешниот меч за нас е многу важен, трите бода се од суштинско значење за иднината во турнирот. Овој меч е како финале за нас и ние треба да покажеме дека се наоѓаме во добра форма, после победата над Евертон“, заклучи Покетино.