Пласман во историското полуфинале за клубот од Лондон ја воодушеви управата која според пишувањето на остворските медиуми е подготвена за следниот трансфер период на Покетино да му даде на располагање дури 150 милиони евра.
Речиси повеќе од година дена Тотенхем не ја засили екипата, што малку ги загрижуваше навивачите на клубот. Меѓутоа, се испостави како добар потег со оглед дека обезбедија полуфинале во најелитното натпреварување во Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно, 60 милиони евра се веќе обезбедени, а остатокот би требало да дојдат од продавање на играчи, бидејќи е проценето дека треба да се донесе „малку свежа крв“ во составот на тимот кој ќе изгледа сосема поинаку. Иако се уште не се познати имињата, Покетино бара лев бек, двајца централни играчи за врска, офанзивен играч за врска и резервен напаѓач. Меѓу кандидатите за заминување од клубот се Ериксен, Трипие, Алдервилд, Роуз…
Нема сомнеж дека не очекува пеколно лето и сосема друга екипа во бело под рефлекторите на новиот дом.