Дома Фудбал Лига на шампиони Покетино: Како против Меси? Ќе најдам некое решение, им кажав на играчите да уживаат

Покетино: Како против Меси? Ќе најдам некое решение, им кажав на играчите да уживаат

pochetino

Фудбалерите на Тотенхем утре ќе ја пречекаат Барселона во рамките од второто коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Тотенхем во првото коло доживеа неочекуван пораз против Интер (2:1) иако скоро цел натпревар имаа предност од 1:0. Лондонскиот клуб утре сака да дојде првите бодови во најелитното европско натпреварување и тоа против Барселона која не е баш во најдобра форма.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак и покрај тоа тие се фаворити за утрешниот натпревар. Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино порача дека знае од каде доаѓа најголемата опасност и на едноставен начин им кажа на играчите што треба да прават кога утре ќе играат против Меси.

„Ќе се обидам да најдам некое решение за Меси. На играчите им кажав едноставно да уживаат во играњето против фудбалери како Меси бидејќи тој е еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот. Играчите не треба толку да се грижат за противниците туку да уживаат што имаат прилика да играат против такви играчи. Еден ден ќе можете да им кажете на внуците дека сте играле против Меси, Марадона, Роналдо или некој друг“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…