Дома Фудбал Англија Покетино: Време е да освојувам трофеи

Покетино: Време е да освојувам трофеи

Поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино призна дека е време да преземе тим со кој ќе може да освојува трофеи.

Аргентинецот беше во два наврати блиску до трофеј во Премиер лигата, играше и фианле во Лигата на шампиони, но не успеа да освои трофеј со „спарси“.

„Ќе дојде тој момент кога треба да освојувам трофеи. Опшеството ги признава само тие кои победуваат и ги подигаат трофеите. Кога оставате добар впечаток на тие со кои работите им помагата да растат, како клуб и како играчи, тогаш луѓето се горди. Таквата добро завршена работа е исто така трофеј“, изјави Покетино.

Покетино од неодамна не е под договор со Тотенхем и е на мета на многу клубови, а во последно време силно се поврзува со клупата на Њукасл, кој сака да направи силен тим.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мегваер пак мета на критики: Зошто го чуваше својот соиграч!? (ВИДЕО)

Тимот на Манчестер Јунајтед во 96. минута остана без победа против Саутемптон (2:2), а пос…