Дома Фудбал Останато Познат системот на квалификации за Мундијалот во Катар

Познат системот на квалификации за Мундијалот во Катар

Европската куќа на фудбалот определи како ќе се играат квалификациите за Светското првенство 2022 во Катар, кои поради пандемијата ќе доживеат големи промени.

Извршниот комитет на УЕФА одлучи  квалификациите да се играат до ноември во четири интернационални прозорци во кои два ќе бидат со по три, а два со по два меча.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во соопштението на УЕФА се вели дека квалификацискиот турнир ќе се состои од 10 групи. Победникот од секоја група ќе добие билет за Мундијалот директно. Екипите кои ќе бидат втори, како и двете најдобри екипи од Лигата на нации ќе учествуваат во плеј-офот, каде ќе се одредат добитниците на уште билети за СП.

Тие 12 репрезентации ќе бидат поделени во три групи, во кои ќе се играат полуфиналните и финалните мечеви и ќе ја донесат одлуката за преостанатите три европски учесници на Мундијалот во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Халанд доаѓа во Реал веќе следната година? Објавен планот на мадридскиот клуб

Сагата за можното доаѓање на Ерлинг Халанд (25) во Реал Мадрид доби ново продолжение, а шп…