Македонската ракометна репрезентација ќе учествува на Светското првенство во Египет, откако денес репрезентацијата на Чешка го откажа настапот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонија сега ќе игра во Групата Г, каде што е домаќинот Египет потоа Шведска и селекцијата на Чиле, која два пати ја совладавме на пријателски натпревари во Скопје.
Распоредот на Македонија на СП
14 јануари – Шведска – Македонија во 20:30 часот
16 јануари – Египет – Македонија во 18:00 часот
18 јануари – Македонија – Чиле во 15:30 часот
Три репрезентации се пласираат во следната фаза!