Реванш борбата за титулата светски шампион во тешка категорија помеѓу Тајсон Фјури и Деонтај Вајлдер ќе се одржи ноќта измеѓу сабота и недела.
Шампионот Вајлдер и предизвикувачот Фјури прв пат се сретнаа во декември 2018 година, тогаш во одличен меч не видовме победник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас те вратив. Немој тоа да го заборавиш. Планираше да си наштетиш. Те вратив во боксот, те вратив на големата сцена“, му зборуваше Вајлдер на Фјури на соочувањето.
Заработката од борбата борците ќе ја делат на половина и веќер е потпишан договор и за трета борба според кој обедникот од таа ќе заработи 60%.
За оваа борба двајцата наводно ќе поделат по 25 милиони долари, додека победникот ќе ги добие парите од преносот.