Дома Топ вести Познато како ќе игра Барса со Куман: Гризман напаѓач, Меси позади него

Познато како ќе игра Барса со Куман: Гризман напаѓач, Меси позади него

Роналд Куман седна на кормилото на Барселона и е спремен да направи големи промени во тимот на Каталонците.

Откако стана јасно дека Меси сигурно останува и оваа сезона во Барселона, Куман ја избра формацијата, а Аргентинецот го стави во центарот на случувањата, што е и негова природна позиција.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Каталонските медиуми пренесуваат дека Холанѓанецот ќе игра со формација 4-2-3-1, каде Гризман ќе биде најистурен во нападот.

Меси ќе игра веднаш позади него, а на крилните позиции ќе играат Дембеле и Ансу Фати, кој оваа сезона ќе добива многу поголема минутажа. Кутињо останува сигурно и тој ќе биде прва аилтернатива за сите три позиции позади напаѓачот.

Средниот ред ќе го сочинува тандемот Пјаниќ – Де Јонг, а во одбраната стандардно ќе играат Алаба, Пике, Ленгле и Семедо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Доколку не издржи Аморим: Јунајтед подготви сензација и тоа од клупата на ривалот?!

Рубен Амoрим сè уште ја има довербата од управата на Манчестер Јунајтед, но далеку е тоа о…