Дома Трансфер зона Познато каде ќе игра Меси од летото 2021. година?

Познато каде ќе игра Меси од летото 2021. година?

Лионел Меси вчера соопшти дека останува во Барселона.

Откако претходната недела побара да замине од клубот, раководството на каталонскиот великан не му дозволи, а Меси не сакаше да оди на суд и да докажува дека на време го известил клубот дека сака да замине.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


На крајот одлучи да не прави дополнителен хаос и донесе одлука да остане. Сепак, во Барса ќе го гледаме уште една сезона, а наредното лето ќе направи трансфер.

Еуроспорт тврди дека аргентинската ѕвезда наредното лето ќе потпише за Манчестер Сити, како што се и очекуваше.

Веќе од зимскиот преоден рок ќе може да преговара со други екипи. Сепак, се очекува дека ќе стане член на Граѓаните и дека со нив ќе договори петгодишна соработка.

Три од петте години ќе го носи дресот на Сити, а кариерата како 39-годишен играч може да ја заврши во Њу Јорк Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се засилува од Милан

Италијанските медиуми пишуваат дека Лука Јовиќ во јануарскиот преоден рок ќе го напушти Ми…