Дома Фудбал Лига на шампиони Познати сите парови во плеј-офот за Лигата на шампионите

Познати сите парови во плеј-офот за Лигата на шампионите

Вчера завршија реванш натпреварите од третото претколо во Лигата на шампионите.

Бидејќи вечерва во Хелсинки се игра финалето во Суперкупот помеѓу Реал Мадрид и Ајнтрахт, сите натпревари од претколото се одиграа вчера.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Со вчерашните натпревари се комплетираа 12 учесници во плеј-оф рундата. Директен пласман според коефициентот на националните првенства имаа Трабзонспор и Копенхаген.

ПЛЕЈ-ОФ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ:

Динамо Загреб (Хрв) – Бодо Глимт (Нор)

Ц. Звезда (Срб) – Макаби Хаифа (Изр)

Карабах (Азр) – Виторија Плзен (Чеш)

Трабзонспор (Тур) – Копенхаген (Дан)

Глазгов Ренџерс (Шко) – ПСВ Ајндховен (Хол)

Бенфика (Пор) – Динамо Киев (Укр)

Ќе потсетиме сите поразени во плеј-офот одат во групната фаза од Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ситуација како на натпреварот Англија – Србија на едно ЕП не се случила 44 години

Вчера во Гелзенкирхен се сретнаа екипите на Србија и Англија, а славеше селекцијата на „Го…