Дома Фудбал Италија Познати се сите учесници: Како ќе изгледа Серија А следната сезона?

Познати се сите учесници: Како ќе изгледа Серија А следната сезона?

Сезоната во Серија А која е зад нас ни понуди многу возбудувања во фининишот во борбата за местата кои водат во Европа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поголеми возбудувања за Скудето немаше бидејќи Јувентус од самиот почеток постави темпо кое никој не можеше да го следи. Сепак, во финишот гледавме многу возбудувања во борбата за Европа, но и за опстанок во лигата.

Емполи во последните секунди на последниот натпревар остана без Серија А и наредната сезона ќе игра во понизок ранг. Претходно испаднаа Киево и Фросиноне.

Синоќа беше одигран и бараж натпреварот за влез во Серија А, а во неверојатен двомеч Верона успеа да слави против Цитадела. Првиот натпревар Верона го загуби со 2:0, но во реваншот победи со 3:0.

Пред Верона враќање во Серија А после долго време изборија Бреша и Лече, и поради тоа многумина се воодушевени што овие клубови повторно ќе ги гледаме во друштво на најдобрите.

Со победата на Верона во баражот познати се сите клубови кои ќе ги гледаме во Серија А следната сезона: Аталанта, Болоња, Бреша, Каљари, Фиорентина, Џенова, Интер, Јувентус, Лацио, Лече, Милан, Наполи, Парма, Рома, Сампдорија, Сасуоло, СПАЛ, Торино, Удинесе и Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Револуција во Милан: Модриќ ги пакува куферите – ова се причините!

Милан остана без пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), откако во последното коло загуби од К…