Дома Трансфер зона Позната примарната трансфер цел на Јувентус

Позната примарната трансфер цел на Јувентус

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Салцбург и српски репрезентативец, Страхиња Павловиќ.

21-годишниот дефанзивец игра одличо во Салцбург, а на Мундијалот ја доживеа својата целосна афирмација со добрите партии.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Примарна цел на Јувентус на лето ќе биде доведување на дефанзивец, а Павловиќ е на врвот на листата желби.

„Старата дама“ веќе работи на трансферот и сака да ја победи конкуренцијата, а самиот Павловиќ го потврди интересот.

„Вистина е дека постои интерес од Јувентус за мене, но не сум бил во Торино. Јувентус е голем клуб и секогаш е чест кога те поврзуваат со такви гиганти. Ќе видиме што ќе се случи, сега сум фокусиран само на Салцбург“, изјави Павловиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…