Челзи спрема понуда за дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт, пренесуваат медиумите на Островот.




Челзи е во потрага по квалитетен дефанзивец, а прва желба на Тухел е токму Де Лихт.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Сините“ ова лето ќе останат без Кристенсен и Рудигер, па сакаат да донесат најмалку еден врвен дефанзивец.




Холанѓанецот е заинтересиран за преселба во Премиер лигата, а Јувентус за неговата слобода бара најмалку 75 милиони евра.




Челзи е спремен да ја плати таа сума и веќе почна да работи на трансферот бидејќи сака да ја победи конкуренцијата.