Дома Топ вести Позната најголемата јануарска желба на Јувентус

Позната најголемата јануарска желба на Јувентус

Јувентус е во потрага по квалитетен играч за врска во зимскиот преоден кој треба да биде замена за суспендираниот Погба.

После суспензијата и на Фаџоли, Алегри по секоја цена сака да донесе засилување за средниот ред, а прва желба е данскиот репрезентативец и член на Тотенхем, Пјер-Емил Хојберг.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Искусниот играч за врска не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и сериозно ја разгледува и опцијата да си замине од Лондон веќе во јануари.

Тотенхем исто така е спремен да се раздели со Хојберг во јануари, а Јувентус веќе ги направил првите контакти со неговиот агент.

„Старата дама“ сака да го доведе на позајмица со право на откуп, додека Тотенхем бара во договорот да биде ставена клаузула за задолжителен откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…