Дома Топ вести Позната најголемата трансфер желба на Малдини

Позната најголемата трансфер желба на Малдини

Милан игра одлична сезона и е во пол-позиција за освојување на Скудетото, но „росонерите“ веќе се спремаат за следната сезона.

Милан наскоро ќе добие нови сопственици, а Малдини ќе добие голем буџет за засилувања.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Росонерите“ веќе работат на трансферите на Свен Ботман, Ренато Санчез и Дивок Ориги, но сега е откриена најголемата желба на Малдини.

Приоритет ќе биде засилување на нападот, односно квалитетен фудбалер кој ќе ја зголеми креативноста, а прва желба е ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс.

Жоао Феликс во 2019 година пристигна во Атлетико за рекорден трансфер од 127 милиони евра, но се снајде баш најдобро во системот на игра на Симеоне.

Наводно Португалецот сака да ја промени средината, а Атлетико за неговата слобода бара 70 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…