Интер не помислува да се откаже од еден од најдобрите свои поединци, Милан Скриниар и подготвува нов договор за дефанзивецот.
„Нероаѕурите“ вчера го продолжија договорот со Андреа Ранокија, а до крајот на сезоната се очекува и Скриниар да стави потпис на нов договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двете страни се во преговори веќе подолго време и наводно се договараат последните детали.
Според новиот договор Скриниар ќе се обврзе на верност кон „нероаѕурите“ до 2023 година, а годишно ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.
#Inter, il prossimo rinnovo è #Skriniar. E l’ingaggio è da top https://t.co/yEVraCWYUU #serieA #inter pic.twitter.com/DmrL6aGKsP
— LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) April 30, 2019
Скриниар пред две години од Сампдорија пристигна на „Џузепе Меаца“ и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
За него интерес покажуваат голем број на европски гиганти, но Интер не сака да се откаже од него.