Раководството на Лестер верува дека ќе успее да го задржи својот најдобар фудбалер Ријад Марез до крајот на сезоната и покрај интересот на неколку гиганти од Островот.
Алжирскиот репрезентативец има договор со Лестер до 2020 година, а веќе подолго време се поврзува со трансфер во Арсенал и Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Црвените“ бараат замена за Кутињо кој неодамна замина во Барселона, додека Арсен Венгер во Марез гледа идеална замена за Алексис Санчез.
Меѓутоа, и покрај инетерсот на споменатите клубови менаџерот на Лестер, Клоп Пуел верува дека Марез ќе остане во неговиот тим до крајот на сезоната.
„Ријад има фантастично влијание на екипата. Ужива во фудбалот и задоволен е во клубот. За нас е важно да ги задржиме најдобрите фудбалери. Убеден сум дека можеме да го задржиме“, изјави Пуел.