Дома Фудбал Останато Позната е судбината на Манџукиќ – Еве каде си заминува!?

Позната е судбината на Манџукиќ – Еве каде си заминува!?

Според последните пишувања на медиумите во Италија, Марио Манџукиќ дојде до крајот на својата кариера во Јувентус.

Марио Манџукиќ во Јувентус пристигна 2015. година од Шпанија, поточно од Атлетико Мадрид. 31-годишниот има 81 настап за репрезентацијата на Хрватска, а постигна 30 гола. Иако оваа сезона беше еден од клучните фудбалери во Јувентус и Алегри го пофали многу пати, тој на крајот на сезоната би требало да го напушти клубот.


Според пишувањата на „Rai Una“, прашањето беше само кога официјално ќе си замине, а добил и неколку понуди од Кина кои се многу богати. Уште претходно одличните фудбалери пред крајот на својата кариера си заминуваат во Кина за да земат големи пари за својата игра. Кинезите ги плаќаат некои фудбалери и по 40 милиони евра по сезона, а на крајот ќе добијат само неколку гола од нив.

Како што пишува споменатиот медиум единствена шанса за Манџикиќ е останување на Алегри на клупата на Јувентус, а тогаш и тој би останал уште една сезона, што повторно не е 100% сигурно. Високиот напаѓач за Јувентус оваа сезона одигра вкупно 39 натпревари, а постигна 10 гола и запиша три асистенции. Посебно е импресивна статистиката во Лигата на Шампионите оваа сезона, бидејќи во шест настапи постигна четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ибрахимовиќ му дава отказ на тренерот, а потоа заминува: Три аматерски грешки кои го уништија Милан

Болоња го освои Купот на Италија со победа над Милан во финалето (1:0), по што е јасно дек…