Дома Македонски спорт Мак фудбал Пожар го зафати стадионот во Тетово! 🎥

Пожар го зафати стадионот во Тетово! 🎥

Вчера вечер пожар го зафатил тетовскиот Градски стадион во подтрибинскиот простор. Од пожарот настраделе дуќаните кои се наоѓале таму, како и поголем дел од столчињата.

Противпожарната единица на Тетово нешто повеќе од еден час се борела со огнот за да се згасне и локализира. На крајот се завршило со материјална штета, во гаснењето учествувале девет пожарникари и четири возила.

Во 2016 година имаше проект да се реновира овој стадион, тогаш ФФМ со општината и УЕФА потпишаа договор, меѓутоа се реализираше само променатата на теренот. Најави за реновирање имаше и од првиот човек на Шкендија, Лазим Дестани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Елмас може да го напушти Наполи – побарал гаранција за поголема минутажа!

Во претстојниот преоден рок Елиф Елмас би можел да го напушти Наполи, барем според она што…