Дома Останати Кошарка Подмладената Македонија немаше шанси против Грузија во Тбилиси

Подмладената Македонија немаше шанси против Грузија во Тбилиси

Кошаркарите на Македонија го претрпеа третиот пораз во третиот натпревар од квалификациите за СП 2023. Денес Грузија во Тбилиси беше подобра од 91:70.

Отсуството на Дамјан Стојановски, Магдевски, Димитријевиќ, Стајиќ, Ѓуроски беше забележително на паркетот. Противникот знаеше да ги искористи нашите проблеми и предводени од Тадус Мекфаден и Гиорги Шермандини дојдоа до победата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ние на моменти знаевме да блеснеме, пред се со тројки на Војдан Стојановски, кој погоди четири од пет обеди. Желбата можеше да се забележи, меѓутоа реално квалитетот беше на страната на противникот.

Најдобри во нашите редови беа Стојановски со 15 поени и Дамјан Робев со 13. Треба да се истакне и настапот на Бојан Крстевски кој забележа 11 поени и 11 скока. Мекфаден на спротивната страна постигна 26 поени, додека Шермандини уфрли 20 поени и запиша 15 скока.

Ќе потсетиме, улогата на селектор во нашите редови ја имаше Александар Јончевски бидејќи Драган Бајиќ доби позитивен тест пред тргнувањето. В недела Македонија ќе игра нов натпревар против Грузија во кој ние ќе бидеме домаќини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ продолжува да ги декласира противниците, нов трипл-дабл за убедлива победа на Денвер (Видео)

Никола Јокиќ продолжува да ги тероризира противничките одбрани. Српскиот ас го предводеше …