Дома Фудбал Лига на шампиони Погодувате кој е играч на колото во ЛШ?

Погодувате кој е играч на колото во ЛШ?

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд е прогласен за играч на колото во Лигата на шампионите.

Младиот Норвежанец со два гола го предводеше својот тим до победа над ПСЖ во првиот натпревар од осминафиналето од најелитното европско натпреварување. Со тоа тој стана првиот играч во историјата кој во една сезона во ЛШ бил стрелец за две различни екипи. Претходно Халанд постигна осум гола за Салзбург.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во натпреварот против ПСЖ младиот играч демонстрираше и неверојатна брзина и 60 метри истрча за неверојатни 6.64 секунди.

Реваншот помеѓу Борусија и ПСЖ е закажан за на 11. март на „Паркот на Принцовите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Реал Мадрид победи, но во соблекувалната целосен хаос: Ѕвездата на „кралевите“ збесна, се појави и снимка (ВИДЕО)

Реал Мадрид во неделата вечер славеше на „Месталја“, но сега во центарот на вниманието е н…