Дома Фудбал Останато Погледнете го потегот кој треба да биде пример за сите спортисти во светот!

Погледнете го потегот кој треба да биде пример за сите спортисти во светот!

Невројатен фер-плеј потег се случи во петата германска лига на натпреварот Боколт и Баумберг, а јунакот на приказната е напаѓачот на домашнот Антонио Муноз.

При една акција на Боколт Муноз беше соборен во противничкиот шеснаесетник, а судијата веднаш покажа на белата точка.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Противничките фудбалери веднаш го обиколија судијата и почнаа да протестираат, па во моментот кога судијата беше решен да покаже и жолт картон на еден од нив дојде Муноз и призна дека не бил фаулиран.

Тогаш главниот делител на правдата веднаш ја промени својата одлука, а фудбалерите на Баумберг беа воодушевени од потегот на Муноз, па еден од нив дури и го бакна.

Треба да се нагласи дека Муноз ваквиот потег го направи кога неговиот тим губеше со 2:0 и тоа беше единствена шанса да се врати во игра на натпреварот. Секоја чест!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона уште од 1990 година чека триумф против Реал во кралскиот Куп

Вечерва Севиља ќе биде центарот на вниманието на фудбалската јавност, каде што ќе се одигр…