Хрватска загуби од Турција со 1:0 во Осиек во шестото коло од квалификациите за ЕП 2024. Единствениот стрелец беше Јилмаз во 30. минута по катастрофалната грешка на Доминик Ливаковиќ.
Ова беше убедливо најлошиот натпревар за Хрватска во овие квалификации и избраниците на Златко Далиќ можат да бидат среќни што загубија само со минимален резултат.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Иако Ливаковиќ ја спаси Хрватска од поголема катастрофа, во 30. минута хрватскиот голман направи кикс и Турците поведоа.
Топката ја подигна Јилмаз, а Ливаковиќ без вистинска причина истрча на дваесетина метри од својот гол.
Многу порано турскиот офанзивец дојде до топката и лесно го мина истрчаниот Ливаковиќ и погоди за 1:0.
Киксот на Ливаковиќ погледнете го ТУКА.