Дома Останати Авто Мото Погледнете го инцидентот кој ја одбележи трката на Ф1 во Силверстоун

Погледнете го инцидентот кој ја одбележи трката на Ф1 во Силверстоун

Инцидентот помеѓу Себастија Фетел и Макс Верстапен ја одбележи денешната трка на Формула 1 во Силверстоун.

Во 37. круг Фетел се обиде да го помине Верстапен и да дојде до третата позиција, но се што успеа е да се удри во неговиот болид, по што следуваше излетување на двата болида од трката.

Фетел на крајот беше возачот кој полошо помина. Трката ја заврши на 16. место, додека Верстапен успеа да дојде до бодови и неговиот Ред Бул низ целта помина како петти.

Во Силверстоун победа славеше актуелниот светски првак Луис Хамилтон од Мерцедес, а зад себе ги остави клубскиот колега Ботас, додека честа на Ферари ја спаси Леклерк кој заврши како трети.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

По соопштението на АМС повторно се огласи Иџе: Ајде да ги соочиме аргументите!

Од вчера започна отворена „војна“ помеѓу најдобриот македонски автомоболист, Игор Иџе Стеф…