Дома Фудбал Англија Погба може да остане во Манчестер, но само под еден услов

Погба може да остане во Манчестер, но само под еден услов

Пол Погба на лето ќе биде слободен играч бидејќи се уште не ставил потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед.

Погба во 2016 година пристигна на „Олд Трафорд“ за 105 милиони евра, но не ги оправда во целост очекувањата, а во последно време многу се зборува за негово заминување од клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според „Сан“, Погба на крајот би можел да остане во Манчестер Јунајтед, но само под еден услов. Тој ќе го почека конечниот епилог околу именувањето на нов тренер и од тоа зависи неговата иднина на „Олд Трафорд“.

За Погба силен интерес покажуваат ПСЖ, Јувентус и Реал Мадрид, но тој се уште не донел конечна одлука, бидејќи прво ќе чека да види кој ќе биде нов тренер на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сите се прашуваат за кого ќе потпише Салах, неговиот агент веднаш реагираше: “Тоа значи дека…”

Салах ќе го напушти Анфилд по девет години, каде без сомнеж остави неизбришлива трага и со…