Дома Фудбал Англија Погба: Како изгубивме од Тотенхем? Немам поим!

Погба: Како изгубивме од Тотенхем? Немам поим!

Поразот од 0:3 во понеделникот на Манчестер Јунајтед од Тотенхем и понатаму е главна тема на Островот.

На големо англиските медиуми пишуваат за ситуацијата во клубот и позицијата на тренерот Жозе Мурињо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За поразот од Тотенхем сега зборуваше Пол Погба.

„Бизарно е. Бевме одлични, започнавме добро, а на крајот изгубивме 3:0. Тоа е шокантно“, изјави Погба и потенцираше дека не му е јасно како неговиот тим изгубил.

„Не разбирам како тоа се случи. Започнавме добро, првиот гол беше несреќа. Не ни е јасно, го имавме натпреварот во свои раце. Примвме еден, па уште еден гол, но продолживме да создаваме шанси“, истакна Погба.

„Ние и понатаму сме Манчестер Јунајтед и не се откажуваме толку лесно“, заврши Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер јунајтед се ослободува од промашувањето платено 77 милиони евра

Италијанскиот шампион Наполи може да го финализира доаѓањето на напаѓачот на Manchester Un…