Дома Трансфер зона Погба донел одлука: Се враќа таму каде што беше најсреќен?

Погба донел одлука: Се враќа таму каде што беше најсреќен?

За кариерата на Пол Погба се грижи адвокатката Рафаела Пимента, откако почина Мино Рајола, па веќе се бара нов клуб за францускиот фудбалер, иако очигледно тој решил каде ќе игра следната сезона.

Џанлука Ди Марцио објави дека Погба ќе замине од Манчестер јунајтед како слободен играч и ќе се врати во Јувентус, каде што играше пред да се пресели во премиерлигашот.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Погба има понуда и од ПСЖ, која е многу подобра од таа на Јувентус, но во клубот од Торино веруваат дека светскиот шампион со „триколорите“ ќе ги избере нив.

Во понеделник треба да се одржи состанок меѓу претставниците на Јувентус и 29-годишниот Французин, по што ќе биде познато дали Погба ќе се врати во поранешниот италијански шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Дортмунд

Неколку клубови од Премиер лигата покажуваат силен интерес за ѕвезата на Борусија Дортмунд…