Дома Фудбал Англија Погба даде коментар за односите со Јунајтед, што после ова ќе каже Раиола?

Погба даде коментар за односите со Јунајтед, што после ова ќе каже Раиола?

Пол Погба потврди дека останува посветен на Манчестер Јунајтед и покрај тоа што неговиот агент изјави дека не е среќен на Олд Трафорд и дека бара трансфер во јануари.

Погба беше стартер во вчерашниот натпревар против Манчестер Сити, а после натпреварот светскиот првак со Франција кажа дека во целост е фокусиран на Јунајтед.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


27-годишниот играч во Јунајтед пристигна за тогаш светски рекорд од 89 милиони фунти во 2016. година, но не успеа да ја освои ПЛ или ЛШ, па затоа се почесто е на мета на критики.

Неовиот агент Мино Раиола неодамна рече дека времето на Погба во Манчестер е завршено и дека ќе го напушти Олд Трафорд уште во јануари.

„Секогаш се борев и ќе се борам за Манчестер Јунајтед, за своите соиграчи и навивачите. Бла бла не е важно. Иднаната е далеку, денеска е важно што сум 1000 посто вклучен. Секогаш заедно! Се беше јасно помеѓу клубот и мене и тоа никогаш нема да се промени. Кога не знаете што се случува внатре, немојте да зборувате.“ – порача Погба.

Договорот на Погба со Јунајтед истекува на лето 2022. година, а Раиола најави дека за сите ќе биде во интерес Јунајтед да го продаде во јануари пред вредноста на трансферот да падне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …