Дома Фудбал Италија Повреда во Јувентус: Еден од најискусните ја заврши годината

Повреда во Јувентус: Еден од најискусните ја заврши годината

Главоболка за Масимилијано Алегри.

Како што пренесуваат италијанските медиуми 37 годишниот стопер на Јувентус Андреа Брзаљи ќе мора на пауза поради повреда на еден од четирите мускули кои го сочинуваа квадрицепсот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Брзаљи не е стандарден оваа сезона во Торино и одигра само 200 минути, но не може да се каже дека не е значаен за екипата, посебно во ротацијата.

Според првите проценки искусниот стопер го очекува опоравување од 45 до 60 дена, па јасно е дека за него оваа година е завршена.

Поради оваа програма Брзаљи ќе ги пропушти натпреварите против Интер, Рома и Торино, како и последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите со Јанг Бојс, но и натпреварот од Суперкупот на Италија против Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Почина поранешна фудбалерка на Арсенал и Челзи по долга и тешка болест

Ејми Кер, поранешната играчка на Челзи и Арсенал, почина на 35 години по борба со тумор. К…