Дома Трансфер зона Повеќе нема дилеми: Ова ќе биде најголемото засилување за Челзи!

Повеќе нема дилеми: Ова ќе биде најголемото засилување за Челзи!

Ромелу Лукаку следната сезона ќе игра во Челзи. Напаѓачот им се доверил на белгиските новинари и сега чека трансферот да биде комплетиран.

Лукаку и неговиот агент Мино Раиола постигнале комплетен договор со англискиот шампион, па сега останува само клубовите да постигнат договор, но тоа е извесно.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Белгиецот ги одбил сите останати понуди и му порачал на Евертон дека сака само во Челзи. Елиминацијата на Диего Коста јасно покажува дека Конте следната сезона ќе смета на Ромелу Лукаку.

Дури и да се случи Коста да остане на „Стенфорд Бриџ“, Лукаку повторно ќе биде прв напаѓач следната сезона.

Евертон за неговата слобода бара 100 милиони евра, Челзи е спремен да понуди 80 милиони, па се очекува во наредните денови двете страни да постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан и Сити го сакаат „новиот Пирло“

Манчестер Сити и Милан се силно заинтересирани за ѕвездата на Торино и италијански репрезе…