Дома Трансфер зона Повеќе нема дилеми: Имобиле ги кажа своите планови

Повеќе нема дилеми: Имобиле ги кажа своите планови

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле се поврзуваше со заминување од Рим, но според неговата последна изјава тој и понатаму ќе игра за небесносините.

Имобиле зад себе има сезона во која се соочи со повреди кои го исфрлија од ритам, поради тоа и пред неколку месеци влезе во конфликт со фановите на Лацио.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Гласно се зборуваше тогаш за негово заминување, меѓутоа сега Имобиле порача дека сака да го испочитува својот договор кој има важност до 2026 година.

„Кажав и претходно, имам уште две години и среќен сум во Лацио. Целото мое семејство одлично се чувствува во Рим и не гледам причина да заминам. Секако, по една ваква сезона се поставуваат прашање. Поминав седум години тука и една година со променлива форма е нешто нормално. На критики не сум навикнат тоа малку ме исфрли во ритам, сепак една сезона не може да уништи се што имам направено во овој дрес“, изјави Имобиле.

Член на Лацио, Имобиле е од 2016 година кога пристигна од Севиља за сума од 8.75 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мурињо подготвува „бомба“ во Фенербахче: Тргнува по ѕвездата на Барса!?

Mинатата сезона Фенербахче го освои второто место во турската Суперлига, па така летово по…