Дома Фудбал Побуна во соблекувалната против Валверде: Вака повеќе не може!

Побуна во соблекувалната против Валверде: Вака повеќе не може!

Со доаѓањето на Ернесто Валверде на клупата на Барселона многу фудбалери не го добија статусот кој го очекуваа.

Меѓу играчите кои се повикани за дуелот до Јувентус во Лигата на шампиони не се најде името на Алеиш Видал. Иако беше во старниот тим за Суперкупот против Реал, во наредните натпревари воопшто не добиваше минутажа.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Иста ситуација овој играч доживуваше и во ерата на Луис Енрике, па како што стојат работите Видал би можел уште во зимскиот преоден рок да го напушти „Камп Ноу“.

Според пишувањето на шпанските медиуми Видал директно му се обратил на Валверде со зборовите: „Вака повеќе не може!“

Видал во Барселона пристигна во јуни 2015 година и требаше да биде замена за Дани Алвеш, меѓутоа никогаш не го доби потребниот статус во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гатузо најави заминување, па предложи нов тренер за Хајдук!

Хајдук беше блиску, а сега е далеку од титулата во Хрватска.  Има три бода помалку од Риек…