Иако ремито на Реал против Атлетико (1:1) не му наштети на кралскиот клуб, бидејќи истата вечер Барса потфрли кај Малага на гости, шпанските медиуми денес пренесуваат информација дека во соблекувалната на Реал дошло до побуна.
Во очи на дербито, Лука Модриќ, Герет Бејл и Тони Крос барале од тренерот Зидан да не го вбројува во екипата Кристијано Роналдо, пренсува Дон Балон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Триото сметало дека тој не е во задоволителна форма, но францускиот експерт не ги послуша за тоа.
Португалецот не одигра натпревар за паметење, па ова секако не се добри вести за навивачите на Реал, бидејќи нивниот клуб влегува во најважниот дел од сезоната, а споменатите немири и тоа како можат да се одразат на резултатите.