Како и што се очекуваше македонската фудбалска репрезентација забележа скок на најновата ФИФА ранг листа.
Избраниците на Игор Ангеловски зад себе имаат две победи на отварањето во новоформираната Лига на Нации преку која очекуваме да се избориме за историски пласман на едно Европско првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија овој месец славеше победи на гостувањето кај Гибралтар и во Скопје против Ерменија, двете средби ги добивме со резултат 2:0.
Во овој момент со 1.344 поени се наоѓаме на 68-тата позиција. Наредниот месец Лигата на нации носи два нови натпревари, против Лихтенштајн во Скопје и на гости во Ереван кај Ерменија.
На врвот неочекувано до првата позиција стигна Белгија која зад себе го остави светскиот шампион Франција. Во топ 10 место добија уште: Бразил, Хрватска, Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.